Дома Трансфер зона Пристигна доказот: Нејмар и Мбапе не „мрдаат“ од Париз! (ФОТО)

Пристигна доказот: Нејмар и Мбапе не „мрдаат“ од Париз! (ФОТО)

Во изминатиот период Килијан Мбапе и Нејмар редовно се тема на шпекулации низ спортските медиуми.

Прво Нејмар се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид се споменуваа астрономски бројки за после некое време медиумите да започнат со „кралевите“ да ги поврзуваат со неговиот соиграч и актуелен светски шампион Килијан Мбапе. И кога беше Мбапе во прашање бројките беа навистина огромни, се најавуваше нов светски рекорд, но изгледа од тоа ништо нема да се оствари.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Пред неколку недели сопственикот на Пари Сен Жермен Насер Ал Келаифи тврдеше дека Нејмар и Мбапе не 100%, туку тие двајца остануваат и тоа се сигурно 2000%!

Денес во француските медиуми се појави и изјава од Мбапе во која најавува останување во Париз.

„Да, верувам дека ќе бидам тука. Можам да кажам дека сум и 100% сигурен. После се што се случи, одлуката е донесена. Имавме многу проблеми после елиминацијата од Лигата на шампионите и навистина не сакам да го мачам клубот околу мојата ситуација. Нема потреба да се грижат, се е јасно“, гласеше изјавата на младиот фудбалер.

Попладнево пристигна и уште посилен доказ дека Мбапе и Нејмар нема да ја променат средината.

Имено, ПСЖ ќе ги пушти во продажбата сезонските карти за наредната сезона, а на нив покрај Верати се наоѓаат Нејмар и Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…