Дома Фудбал Останато Пред неколу години играше за Атлетико Мадрид, а денес потпиша за тим од Серија Ц

Пред неколу години играше за Атлетико Мадрид, а денес потпиша за тим од Серија Ц

Алесио Черчи пред неколку години беше на врвот од својата кариера кога од Торино премина во Атлетико Мадрид.

Черчи воодушеви со своите настапи за Торино, а потоа во летото 2014 година потпиша за Атлетико Мадрид кој за него плати 15 милиони евра. Тогаш од него многу се очекуваше, но во шпанскиот клуб се задржа само половина година.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По Атлетико пристигна во Милан, подоцна во Италија играше за Верона. Летото 2018 година потпиша за турскиот тим Анкарагучу, но и таму се задржа само една година.

Претходната сезона ја помина во нисколигашот Салеритана, меѓутоа повторно после само една сезона остана без клуб откако се договори за раскин на договорот. Овој 33 годишник сега падна уште пониско и во новата сезона ќе игра во Серија Ц.

Имено, Черчи потпиша за Арезо, тим кој се натпреварува во групата Б во Серија Ц. Со овој клуб потпиша договор на три години откако успешно ги помина лекарските прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Може ли Баер да го сруши рекордот на Селтик од 1916 година?

Баер Леверкузен и официјално изминатиот викенд ја потврди титулата во Бундеслигата со побе…