Атлетико Мадрид сепак нема во своите редови да го доведе напаѓачот на Валенсија, Родриго Морено.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред неколку дена шпанските медиуми објавија дека 28 годишниот фудбалер ќе се пресели во Мадрид и дека трансферот вреден 60 милиони евра е завршен, но најновните информации не се добри за Атлетико.
Неговиот менаџер, Марселињо сега потврди дека неговиот трансфер е откажан.
„Свесни сме за потенцијалниот трансфер на Родриго. Во еден момент трансферот требаше да биде заршен, а клубот за тоа ме извести во вторникот. Исто така ми кажа дека ќе премине во Атлетико. Меѓутоа сега се е откажано“, изјави Марселињо.