Најскапото засилување во историјата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс не е задоволен и сака да го напушти клубот.
Феликс не е задоволен во Атлетико и веќе го известил својот агент Жорге Мендеш да му бара нов клуб во јануари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што стојат работите, најголеми шанси има Феликс кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, а францускиот шампион веќе ја бара вистинската формула за негово доведување во јануари.
Атлетико после елиминацијата од ЛШ е спремен да го продаде Португалецот, а Мендеш веќе започнал преговори со „светците“.
Интерес за Португалецот покажува уште Манчестер Јунајтед, но ПСЖ е фаворит за неговиот потпис.