Дома Македонски спорт Пандев: Од мал бев лудо заљубен во фудбалот, толку го сакав што не гледав и по девојки

Пандев: Од мал бев лудо заљубен во фудбалот, толку го сакав што не гледав и по девојки

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев во интервју за клупскиот сајт на Џенова зборуваше на разни теми од неговата кариера.

Интервјуто Пандев го започна со приказната за неговиот живот во Џенова.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Веќе пет години живеам во куќа до море и секое утро го чувстувам морето. Тоа е нешто кое навистина опушта и ме рекласира. Долго време сум во Џенова, убаво ми е тука“.

За почетоците во неговата кариера.

„Како и секоја мајка и мојата сакаше да учам, но јас бев лудо заљубен во фудбалот, од мал играв со другарите. Толку го сакав фудбалот што не гледав многу и по девојки. Мој пријател ме запозна со Надица и денес имаме прекрасно семејство. Моите три деца се родени во Италија, Филипо во Милано, Ана во Неапол и Софија во Џенова. Понекогаш знам да бидам строг со нив“.

Најдрагите голови во неговата кариера.

„Голови кои ми се најдраги се лобот против Верона за Џенова, голот за Лацио против Јуве кога ги поминав Турам и Канаваро и го совладав Буфон и уште еден гол против Јувентус во дресот на Наполи“.

За Академија Пандев…

„Кога и да сум во Македонијаа го посетувам клубот. Има околу 300 деца и среќен сум кога ги гледам. Македонија е сиромашна земја, минавме низ многу работи и среќата на децата многу ми значи“.

Победата против Германија во Дуизбирг…

„Искрено, уште не можам да поверувам што направивме. 20 години Германија немаше изгубено квалификациски натпревар дома. И ние, но мислам дека и нашите навивачи не се свесни што направивме. Следна моја цел е да одиграм добро на Европското првенство, долго чекав тој сон да ми се оствари“.

На крајот од интервјуто Пандев не откри дали борбата за пласман на СП и добриот старт на квалификациите можат да го натераат да се премисли за пензија по крајот на сезоната.

„Не знам што ќе правам по завршувањето на криерата. Едно е сигурно, најмногу сакам да се посветам на семејството затоа што кога сте фудбалер сте многу отсустен. Сакам да поминам повеќе време со нив, но и да останам во фудбалот во некоја улога. Ќе видиме што ќе се случува“, изјави Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…