Дома Трансфер зона Официјално: Борусија Дортмунд потпиша договор со играчот кој беше желба на неколку европски гиганти

Официјално: Борусија Дортмунд потпиша договор со играчот кој беше желба на неколку европски гиганти

Екипата на Борусија Дортмунд продолжи да ги воодушевува своите навивачи.

Откако вчера го потврдија трансфер на Ник Шулз, а денес и трансферот на Торган Азар потврден е уште еден голем трансфер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На „Милионерите“ им се придружи 23 годишниот крилен играч Јулијан Брендт кој зад себе има одлична сезона и беше желба на голем број европски гиганти.

ПСЖ, Јувентус, Атлетико Мадрид…Беа заинтересирани за потписот на младиот Германец, но тој на крајот избра да направи трансфер во Дортмунд.

Како што пренесуваат германските медиуми „милионерите“ за овој трансфер платиле 25 милиони евра колку и што изнесуваше неговата откупна клазула. Ова е одлична зделка за клубот од „Вестфален“ бидејќи Бренд на трансфер пазарот се проценува на вредност од 50 милиони евра.

Оваа сезона Брендт беше навистина одличен и на вкупно одиграни 43 натпревари постигна 10 голови и запиша 17 асистенции. Тој веројатно ќе биде најголемото засилување за „Милионерите“ за новата сезона.

Брендт со Борусија потпиша договор до летото 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…