Дома Трансфер зона Олмо се чека, но Барселона веќе работи и на уште еден важен трансфер

Олмо се чека, но Барселона веќе работи и на уште еден важен трансфер

Трансферот на Дани Олмо во секој момент може да биде потврден, но во Барселона работат и на уште една зделка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според последните информации, Барселона работи да му ја исполни желбата на Ханси Флик и да го врати Жоа Кансело кој си замина по истекот на позајмицата.

Кансело минатата сезона беше дел од Барселона, меѓутоа по истекот на позајмицата се врати во Манчестер Сити каде што Гвардиола не смета на него.

Фабрицио Романо објави дека токму висината на оштетата е единствен проблем во реализација на трансферот, самиот фудбалер има желба повторно да го носи дресот на Барселона.

Барселона исто така се поврзуваше и со Нико Вилијамс, меѓутоа како што стојат работите тој ова лето ќе остане во Атлетик Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…