Стигна официјална потврда за одигрувањето на првите полуфинални натпревари во Купот на Италија.
Полуфиналните парови (Лацио – Милан и Фиорентина – Аталанта) ќе се играат 26-ти и 27-ми февруари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лацио и Милан ќе го играат првото полуфинале во вторник 26-ти февруари, овој натпревар се игра во терминот од 21:00 часот.
Фиорентина во истиот термин еден ден подоцна ќе ја пречека Аталанта. Реваншите би требало да се играат во април, додека точниот датум дополнително ќе биде утврден.
Поради полуфиналето од купот, натпреварот на Милан во Серија А против Емполи е поместен за 23-ти февруари (18:00) часот. Првобитно требаше да се игра еден ден подоцна.
Новиот термин за натпреварот помеѓу Лацио и Удинезе од Серија А ќе биде дополнително одреден.