Директорот на Борусија Дортмунд, Јоаким Вацке го „пецна“ Обамејанг затоа што ги напушти „милионерите“ и се пресели во Арсенал.
Пјер Емерик Обамејанг пред две години ја напушти Борусија Дортмунд и се пресели во Арсенал, но очигледно во германскиот клуб се уште не му простиле за тоа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Генералниот извршен директор, Јоаким Вацке го „пецна“ напаѓачот поради фактот што не игра во Лигата на шампиони со Аренал.
„Обамејанг кој е многу добар во Арсенал, веројатно е среќен кога ќе си ја погледне сметката, но во среда ќе гледа Лига на шампиони на телевизија, и сигурно ќе биде тажен поради тоа“, изјави Вацке.