На Јувентус веќе му се одзмеаа 15 бодови со одлука на сојузот како казна за наводни финансиски малверзации на поранешното раководство.
Многумина се огласија, дури и играчи како Роналдо и Дибала. Сведочењето на Аргентинецот привлече многу внимание затоа што отворено зборуваше за се што се случувало, додека Роналдо планира да го тужи клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Одземените 15 бодови скоро и да ја затворија вратата на Јувентус за место во Лигата на Европа или Лигата на шампионите. Меѓутоа тоа не се единствените проблеми. Играчите не се задоволни затоа што иднината на клубот не е целосно јасна и веќе побарале состанок со сопственикот на клубот Џон Елкан.
„Кориера дело Спорт“ денес пренесува уште полошо вести за „старата дама“, а тоа е дека италијанската фудбалска федерација би можела да го казни Јувентус со дополнителни 20 бодови поради нерегулираните плати.
Првата казна од -15 бодови беше за непријавени исплати на фудбалерите, а втората може да биде уште потешка. Ваквата казна би можела да значи испаѓање на Јувентус во Серија Б. Сослушувањето е закажано за март, додека одлуката ќе се донесе помеѓу април и мај.
Јувентус во овој момент има 23 бодови, па затоа е јасно каков удар би биле дополнителни 20 бода одземени. Во Серија А се одиграа 20 кола и „бјанконерите“ ќе мора дополнително да го подигнат нивото на својата игра за да бидат сигурни и да не стравуваат од испаѓање колку и тоа неверојатно да звучи.