Дома Фудбал Италија Новото засилување на Јувентус само што дојде веднаш – се повреди!

Новото засилување на Јувентус само што дојде веднаш – се повреди!

Јувентус летово одработи солиден преоден рок во кој пристигнаа неколку засилувања, а еден од нив е Франсиско Консеисао.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот Португалец сепак на стартот од својата епизода во Торино заработи повреда и го чека пауза. Консеисао се здобил со повреда на мускулите на десната нога и ќе отсуствува околу еден месец.

„По направените прегледи, беше утврдено дека Консеисао има повреда на мускулите на десната нога. За десетина дена ќе му бидат направени нови тестови по што ќе се знае кога може да се врати на терените“, соопштија од Јувентус.

Португалецот во Јувентус пристигна како позајмен фудбалер од Порто и дебитираше против Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кукуреља ќе игра за Реал ама го избра Меси пред Модриќ (Видео)

Марк Кукуреља (27) е лев бек на шпанската репрезентација и на Реал. Официјално беше објаве…