Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер ова лето ќе го напушти Арсенал после цели 22 години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Францускиот стручњак неодамна соопшти дека го напушта Арсенал. По неговата објава, започнаа и гласините со тоа каде ќе работи искусниот стратег.
Веќе на Светското првенство во Русија, Венгер ќе има нова работа, ќе работи како аналитичар во „Беин Спорт“, што секако е добра вест за сите гледачи на оваа телевизија.
После Мундијалот се очекува Венгер да пронајде нов ангажман, во овој момент не е познато кој би можел да биде негов клуб, не е исклучена и можноста да направи нешто подолг одмор од фудбалот.
Како и да е едно е сигурно, Венгер потврди и самиот дека во иднина сигурно нема да седне на клупата на друг клуб од Премиер лигата.