По повод гласините за евентуалното заминување на Ернесто Валверде од клупата на Барселона се огласи претседателот на клубот Бартомеу.
Неодамна шпанските медиуми пишуваа дека Валверде ја нема целосната поддршка од раководството на Барселона, а како причина се наведуваше елиминацијата од ¼ финалето во Лигата на шампионите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, Бартомеу за „Кадена Сер“ јасно порача дека Валверде не заминува.
„Апослутно приказните дека позицијата на Валверде е загрозена не се вистина. Тој е само во првата година од почетокот на голем проект, негов проект. Задоволни сме од неговата работа, редовно се сретнуваме и дискутираме за иднината на Барселона. Никој не спомнал отказ! Тоа се само измислици на медиумите. Некој во Барселона можеби тоа го кажал, но во клубот никој“, беше јасен Бартоме.
Потоа првиот човек на Каталонците појасни дека не постои ниту грам сомневање во квалитетот на Валверде.
„После се што се случи минатото лето (трансферот на Нејмар) никој не се сомнева во Валверде. Сите сме разочарани поради тоа што се случи во Рим, но морате да го погледнете и начинот на кој го поднесовме тој пораз. Го освоивме купот и славевме во Примера. Никој во управата не се сомнева во тренерот после Рим. Никој. Успехот на клубот со овој проект е загарантиран“, изјави Бартомеу.