Дома Трансфер зона Невил тврди: На Јунајтед му требаат 5 засилувања од 350 милиони!

Невил тврди: На Јунајтед му требаат 5 засилувања од 350 милиони!

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, а сега аналитичар за „Скај Спорт“, Гери Невил смета дека „црвените ѓаволи“ треба значително да го засилат тимот за да бидат конкурентни.

Манчестер Јунајтед буквално се прероди после доаѓањето на Оле Гунер Солскјер на кормилото. Не само што тимот се искачи на табелата во Премиер лигата, туку и на спектакурален начин го елиминираше ПСЖ во Лигата на шампиони.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, после вчерешаниот пораз од Арсенал на „Емирати“ се видоа некои лимити на тимот, па Невил смета дека се потребни најмалку пет големи засилувања.

„Јунајтед мора да потроши околу 350 милиони евра за да се засили и да може да се бори со Ливерпул и Манчестер сити. Оле мора да има подготвен тим до крајот на ноември, кога и ќе започне новата шампионска трка. Веќе и не е тајна што недостига“, истакна Невил.

Легендата на Јунајтед посочи дека на тимот му се потребни тројца дефанзивци и по еден фудбалер за врска и напаѓач.

„Оле ги има Линделоф и Смолинг, а му фалат два стопери и бек. Ако се спореди со Сити, тие ги имаат Отаменди, Лапорт, Стоунс, Компани и тука нема споредба. Не се споредува ни со Ливерпул, зашто тие го имаат Ван Дајк, кој вреди за тројца“, смета Невил.

Веќе е познато дека главна цел на Манчестер Јунајтед е Кулибали од Наполи, но неговата цена изнесува 100 милиони евра, а клубот е во потрага и по десен бек бидејќи Валенсија заминува, а Далот не е добро решение.

Кога станува збор за средината и нападот се споменуваат имињата на Санчо, Даглас Коста и Филипе Кутињо, па прашање е дали буџет од 350 милиони евра ќе биде доволен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…