Дома Фудбал Италија НАЈАВА Милан – Јувентус: Состави, квоти, интересни факти!

НАЈАВА Милан – Јувентус: Состави, квоти, интересни факти!

Милан – Јувентус е дербито на Серија А овој викенд. Јуве ја има фаворитската улога и ќе биде интересно да се види како тимот ќе реагира после поразот од Манчестер Јунајтед. Од друга страна на Гатузо му гори под нозете и сега е пред императив за позитивен резултат, што за нив би било и реми.

Се шират гласини за заминување на Гатузо

Во Милано циркулираат гласини дека работата на Џенаро Гатусо во Милан е при самиот крај. Истите гласини го споменуваат Арсен Венгер, како едно од можните имиња за негов наследник. Ова само по себе ствара немир внатре во тимот, но и притисок пред се врз Гатузо. Но колку само тој ќе има сила да промени нешто ? Веројатно нема доволно сила … Гатузо не важи за добар тактичар, а тоа е нешто што највеќе му треба на Милан во овој момент. Многу послаби екипи од нив според играчкиот кадар лесно ја читаат нивната игра, а Гатузо изгледа немоќен во тој поглед. Тој е голем мотиватор, но очигледно дека тоа не е доволно за високите амбиции на тимот.

Милан некако протурка до 4-то место на табелата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак и покрај сите негодувања за Милан, екипата некако успеа да протурка до 4-то место на табелата. Иако имаа високи амбиции, од оваа гледна точка тие би требало да бидат презадоволни ако на крајот завршат на истата позиција на табелата. Тимот не игра убедливо, но слави победи. Сега се во серија од три меча по ред но со релативно послаби екипи над кои славеа со само еден гол разлика. Тимот имаше тешко гостувае кај Бетис во Лигата на Европа и се врати од негатива играјќи 1:1. Освен тоа Гатузо ротираше со дел од состаот, па свежината е на нивна страна. Проблем за тимот ќе бидат неколкуте повреди, но тие како да се навикнаа да играат во тој ритам ( со доста повредени фудбалери ).

Тешко дека Јуве ќе загуби две средби по ред

Тешко е да веруваме дека Јувентус ќе загуби на два меча по ред, иако во две различни конкуренции. Поразот од Манчестер Јунајтед пред неколку дена одекна како бомба во фудбалска Европа. Особено што Јуве делуваше сигурно и имаше водство до 86-та минута. Манчестер постигна два брзи гола и славеше со 1:2. Сепак, тоа е само прв пораз за Јувентус оваа сезона. Тие досега одиграа 15 натпревари а славеа на 13 од нив. Тоа само по себе говири за силата на оваа екипа. Ќе биде интересно да се види како тимот ќе делува по шокантниот пораз во еден ваков дерби дуел, но Алегри и неговите фудбалери имаат премногу кредити за тој пораз да го сватат пресериозно.

Веројатни состави:

Милан: Донарума, Калабрија, Запата, Ромањоли, Родригез, Бакајоко, Кеси, Сусо, Чалханоглу, Кастиљехо, Игуаин.

Јувентус: Шчешни, Кансело, Бенатиа, Киелини, Алекс Сандро, Пјаниќ, Матуиди, Кедира, Дибала, Роналдо, Манџукиќ.

Букмејкерите не му даваат големи шанси на Милан. Па така коефицинентот во Coinbet24 за победа на Јуве изнесува 1.76 за реми 3.65 додека за победа на Милан коефициентот е 4.75.

Целосниот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…