Дома Трансфер зона Потврдено едно заминување од Милан на крајот од сезоната

Потврдено едно заминување од Милан на крајот од сезоната

Дефанзивецот на Милан, Симон Кјаер (35) на крајот на сезоната ќе го напушти клубот од „Сан Сиро“, потврди агентот на данскиот фудбалер.

Договорот на искусниот фудбалер со „росонерите“ истекува на крајот од сезоната, а бидејќи клубот одлучи да не ја продолжи соработката со Кјаер, двете страни постигнаа договор за разделба кога ќе заврши сезоната.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Кјаер пристигна во Милан во јануари 2020 година како позајмен играч од Севиља, на крајот од истата сезона италијанскиот гигант одлучи да го откупи неговиот договор.

Сезонава Кјаер забележа 24 настапи и покрај проблемите со повредите кои го држат надвор од терените, но се очекува наскоро да биде спремен за настап.

Пред Кјаер сега е Европското првенство со Данска каде што како слободен играч ќе може да привлече дополнително внимание.

Искусниот дефанзивец ја започна својата професионална кариера во Митјиланд во 2007 година, по што настапуваше за Палермо, Волфсбург, Рома, Лил, Фенербахче, Аталанта и Севиља пред да стане член на Милан, каде што остана најдолго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во …