На Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо му беше врачена награда во родниот крај.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Една улица во градот од вчера го носи неговото име, а Жозе по свеченоста оддржа интересен и емотивен говор.
Секако, истакна дека Сетубал е местото каде тој се чувствува најдобро.
„Сетубал е единствениот град каде се чувствувам вистински добро, како Зе, Зе Марио. Овде луѓето ме гледаат како обичен мештанин и тоа ми одговара. Го сакам овој град, со сите недостатоци и квалитети. Ова е голема чест за мене, бидејќи го сакам Сетубал. Благодарен сум на се и ова не би го менувал за ништо“, истакна Мурињо.
Исто така, истакна дека надимакот Зе му значи повеќе од „Специјален“.
„Моите пријатели ме викаат Зе и надимакот „Специјален“ покрај тоа е едно големо сра*е“, заклучи Мурињо.
Надимакот „Специјален“, Португалецот го доби на својот прв прес по пристигнувањето во Челзи, кога сам себе се нарече така.