Дома Фудбал Во Мадрид не мируваат: Новото засилување за Мурињо веќе е познато

Во Мадрид не мируваат: Новото засилување за Мурињо веќе е познато

Борусија Дортмунд може да остане без еден од своите најважни играчи, а во целата приказна се вклучи никој друг туку Реал Мадрид.

Германските медиуми пишуваат дека иднината на Нико Шлотербек повторно е под голем знак прашање.

Иако раководните лица на Борусија веќе неколку месеци се обидуваат да договорат продолжување на соработката со 26-годишниот германски репрезентативец, преговорите запнаа, што отвори простор за шпанскиот клуб да тргне во акција.

Шлотербек е еден од столбовите на одбраната на Борусија и играч околу кој во Дортмунд сакаат да ја изградат екипата за следните сезони.

Сепак, според информациите од германските извори, стоперот не ја прифати првата понуда за нов договор, поради што загриженоста во клубот расте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем удар за Атлетико Мадрид – причината е Хулијан Алварез!

Диего Симеоне се соочи со нов голем проблем пред важниот натпревар што Атлетико Мадрид го …