Дома Фудбал Мурињо повторно се спаси, па го „пецна“ еден од најдобрите: Не си незаменлив

Мурињо повторно се спаси, па го „пецна“ еден од најдобрите: Не си незаменлив

Вистинска драма се одвиваше вечерва на натпреварот помеѓу Елче и Реал Мадрид, но со малку среќа гостите од шпанската престолнина стигнаа до победа (3:2).

Жозе Мурињо по натпреварот изјави:

„Добра работа е што никому не може да му биде досадно додека го гледа Реал Мадрид. Нашите натпревари навистина се забавни!”, рече Португалецот и продолжи:

„Проблемот ми е сосема јасен. Натпреварите изгледаат како да се завршени, но не се. Имаме три, четири или пет шанси да ги решиме и не ги искористуваме. Тогаш сè изгледа лесно, но ние веќе немаме контрола врз натпреварот. На стадионите во Шпанија, кои секогаш се полни, доволен е само еден гол за натпреварот целосно да се отвори и тогаш можеме да загубиме бодови.”

Посебно го истакна младиот Арда Гулер, велејќи дека ни тој, а ни било кој друг не е незаменлив. Многумина го прашаа зошто го извади Турчинот од игра кога играше одлично, по што дојде до пад во играта на Реал.

„Гулер не е незаменлив. Никој не е незаменлив. Имавме изморени играчи и моравме да направиме промени. Кога воведувам свежиот Џуде и свежиот Брахим на теренот, тоа е затоа што почувствував дека губиме контрола над натпреварот.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски прави чуда на голот на Валенсија, вчера блесна со фантастична двојна одбрана! (Видео)

Eкипата на Валенсија конечно во шестото коло од Ла Лига дојде до првата победа сезонава от…