Најдобриот португалски фудбалер на сите времиња Кристијано Роналдо вечерва по кој знае кој пат покажа дека ЛШ е натпреварување во кое тој го дава главниот збор.
Неговиот Јувентус гостуваше кај Ајакс во првиот натпревар од четвртфиналето, а резултатот на крајот беше 1:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Единствениот погодок за Старата дама го постигна токму Роналдо во 45 минута, а тоа беше негов 125. погодок во ова натпреварување, каде е убедливо прв.
Сепак, уште поимпресивна е онаа статистика која кажува дека Роналдо во нокаут фазата постигнал дури 64 погодоци, а второто и третото место го држат Меси со 42, односно Милер со 21 погодок. Тоа значи дека Португалецот постигнал повеќе погодоци во нокаут фазата од Меси и Милер заедно.
Треба да се додаде и тоа дека Роналдо во оваа фаза од натпреварувањето постигнал повеќе погодоци од некои големи клубови како Арсенал (50), ПСЖ (34), Манчестер Сити (30), Тотенхем (18)…
Нормално, Португалецот веќе за шест дена ќе има шанса да го подобри овој скор со оглед дека неговиот тим го игра реваншот против Ајакс.
Навистина неверојатни бројки за Роналдо во најелитното европско натпреварување кои само докажуваат дека Роналдо се претвора во вистински ѕвер кога во прашање е Лигата на шампионите.
Ronaldo has more knockout stage goals than Leo Messi and Thomas Müller combined. pic.twitter.com/0XJfC4qrv6
— ESPN (@espn) April 10, 2019