Дома Македонски спорт Младинците без Тошевски во Анталија, на деби ќе почека и Чолаковски

Младинците без Тошевски во Анталија, на деби ќе почека и Чолаковски

Суперталентираниот напаѓач на Македонија Давид Тошевски заработил повреда на задните вкрстени лигаменти и ќе биде во аут во наредните два месеци.

Ова е причината поради која ќе го прескокне првиот собир на новата младе генерација до 21 година. Новите сили Милевски ќе ги тестира против Казахстан, Словачка и Бугариај во Анталија на крајот на овој месец.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тошевски направи трансфер во Ростов пред почетокот на сезоната, а во овој преоден рок беше испратен на позајмица во Тамбов кој е последнопласираниот тим во Русија.

Во репрезентацијата до 21 година Тошевски влезе кон крајот на претходниот циклус и веќе има искуство во селекцијата на Милевски. Тој е еден од фудбалерите од кои повеќе се очекува во новиот бран и квалификациите за ЕП 2023.

На турнирот ќе го нема и Стефан Чолаковски, фудбалерот на Мелбурн Сити кој не е во можност да дојде на собирот поради рестриктивните мерки во Австралија и задолжителниот 14 дневен карантин по враќањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…