Дома Фудбал Италија Мијатовиќ: Јувентус е лузерски клуб, ќе загуби уште едно финале!

Мијатовиќ: Јувентус е лузерски клуб, ќе загуби уште едно финале!

После првите полуфинални мечеви во Лигата на шампиони веќе се проектираше потенцијално финале помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, со оглед на високите победи кои ги остварија овие тимови.

Точно еден месец пред финалето веќе сите зборуваат за овој дуел, а свое видување даде и Пеџа Мијатовиќ кој во 1998 година токму со својот гол и пресуди на „старата дама“ и му го донесе трофејот на Реал.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Мијатовиќ тврди дека и овој пат финалето ќе заврши со ист епилог бидејќи смета дека Јувентус е лузерскли клуб кој постојано губи во финале.

„Јувентус е сериозен тим. Одлично се бранат и имаат голем квалитет напред. Финалето сигурно ќе биде одличен натпревар, но во Лига на шампиони Јуве е лузерски тим и постојано губи во финале. Од друга страна Реал скоро никогаш не губи кога игра финале“, изјави Мијатовиќ.

Останува да видиме дали предвидувањето на Мијатовиќ ќе се оствари, но факт е дека Јувентус до сега загубил шест европски финалиња, од 8-те на кои играл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…