Милан после 11 години го освои Скудетото, а едни од најзаслужните за успехот беа сигурно дефанзивците Томори и Калули.
Милан во последните 11 натпревари прими за два гола и ја имаше најдобрата одбрана во Европа, а Калулу и Томори покажаа дека се едни од најдобрите дефанзивци во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан сака да ги награди за добрите партии, но и да ги „блиндира“ за во иднина, па веќе започнал преговори за продолжување на договорот.
Преговорите се во завршна фаза и медиумите откриваат дека двајцата наскоро ќе потпишат нови договори до 2027 година со значително зголемување на платата.
SportMediaset – Milan, Tomori e Kalulu verso il rinnovo fino al 2027 https://t.co/HCz0rmyjNx
— MilanNews.it (@MilanNewsit) June 6, 2022