Дома Фудбал Англија „Ме викнаа во тоалетот, а таму имав што да видам – Лука Модриќ спиеше „мртов“ пијан“

„Ме викнаа во тоалетот, а таму имав што да видам – Лука Модриќ спиеше „мртов“ пијан“

Хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ важи за некој кој низ кариерата немал големи скандали и во главно кога се пишувало за него тоа било поради работите кои ги прави на теренот.

Но, сега неговиот поранешен соиграч од Тотенхем Џермејн Џенас откри ситуација во која Хрватот претерал со алкохол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа се случило во 2008 година по потписот на Модриќ со Тотенхем.

„На тоа ноќно излегување првпат можевме да се запознаеме подобро со новите играчи. Сите хрватски играчи беа класа, но и сакаа многу да пијат. Одеднаш почнаа да ме тапкаа по рамо, не беше ниту толку доцна, нешто околу 22 часот. Ме повикаа да им помогнам, кога отидов во тоалетот имав што да видам. Лука спиеше мртов пијан во тоалетот, ролексот му одлета од рака, па јас го барав да го земам. На крајот сите го однесовме дома и го легнавме“, раскажа Џенас.

Модриќ денес има 38 години и оствари извонредна кариера, засега не е познато дали и идната сезона ќе биде играч на Реал Мадрид бидејќи му завршува договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Победи на Белградскиот маратон, за малку ќе поставеше и рекорд – па се сруши на патеката!

Кениецот Гилберт Кимплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон кој се одржа денес со вре…