Дома Топ вести Меси ја доби на маса последната понуда, се чека одговор!

Меси ја доби на маса последната понуда, се чека одговор!

Попладнево Хорхе Меси го посети домот на својот син Лионел Меси во Барселона, за да го информира за развитокот на преговорите со раководсвото на клубот.

Хорхе помина еден час во домот на Лео и како што пренесува „Гол“ го советувал да ја прифати последната понуда на Барселона за да остане во клубот уште една сезона.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Утрово таткото на Меси проведе втор разговор со претедателот Бартомеу, откако вчерашната средба не даде резултат.

Клубот му нуди договор до 2022 година, со тоа што следната година до 10 јуни Меси ќе може да ја искористи клаузулата и да замине без обештетување.

Таква клаузула Меси има и во актуелниот договор и сака да ја активира, но од клубот се категирични дека таа истекла во јуни и не сакаат да го пуштат без пари.

Според последните информации Меси најверојатно ќе ја прифати понудата да остане уште една сезона во Барса, а конечната одлука треба да ја донесе до крајот на неделата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…