Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси ќе потпише нов договор најави претседателот на клубот, Хозе Марија Бартомеу.
Меси во овој момент е најплатен фудбалер на планетата со 50 милиони евра нето годишно, сегашниот договор му истекува во 2021 година, но Барселона планира да го заржи до крајот на кариерата на „Ноу Камп“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Лионел Меси ќе продолжи со нас. Тој е играч-клуб, односот со негов е таков што засекогаш ќе остане во Барселона. Тој самиот веќе ни кажа дека сака да го продолжи договорот. Му понудивме договор и верувам дека наскоро сите ќе слушнете добри вести“, изјави Бартомеу, а пренесува „Марка“.
Меси од својата 14-та година e во Барселона за првиот тим постигна 581 погодок на 665 натпревари и освои се што може да се освои, помеѓу кои се и четири титули во Лигата на шампионите.
Во својата кариера пет пати беше избиран за најдобар фудбалер во светот.
Бартомеу во истата прилика зборуваше и за статусот на Ернесто Валверде и верува дека и тој ќе остане во клубот.
„Верувам дека ќе остане. Тој им верува на играчите и ова е само негова втора сезона. Целата е да стануваме подобри со текот на времето. Дури и во случај да не освои ништо тој ќе остане во клубот“, изјави Валверде.