Диего Армандо Марадона денес по повод својот роденден имаше интервју за италијанскиот „Кориере дело Спорт“.
Во интервјуто помеѓу другото Марадона зборуваше и за ситуацијата во која Меси оваа сезона се најде во Барселона. Ќе потсетиме, Меси за првпат јавно изрази желба да ја напушти Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Марадона вели дека очекувал вакво нешто затоа што Барселона бил тежок клуб за преговарање.
„Искрено очекував и знаев дека на Меси ќе му се случи вакво нешто. Мислев дека Лео ќе си замине и мене во кариерата ми се случија вакви работи во кариерата. Барселона е тежок клуб за преговарање, уште повеќе ако вие инсистирате да си заминете, а сте клучен играч. Меси направи многу за клубот, даде се и не заслужи таков третман“, изјави Марадона.