Дома Македонски спорт Македонија подготвена за организација на ново Светско првенство 📸

Македонија подготвена за организација на ново Светско првенство 📸

Ракометната федерација на Македонија во периодот од 19 до 30 јуни ќе биде домаќин на 24-тото Светско јуниорско првенство во женска конкуренција. Ова ќе биде вториот мундијал за ракометарки до 20 години на кој ќе учествуваат 32 репрезентации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сали-домаќини на настанот ќе бидат СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“, во кои ќе се одиграат вкупно 116 натпревари. РФМ се погрижи салите да бидат подготвени за шампионатот според сите стандарди и да ги понудат најдобрите услови за земјите учеснички на овој ракометен настан.

Нашите ракометарки како селекција-домаќин ќе играат во Групата „Х“ заедно со Исланд, Ангола и САД. Првиот натпревар е против САД, закажан на 19 јуни од 20:15 часот, а потоа следат дуели со Исланд (21.06, 18:00ч.) и Ангола (23.06, 20:15ч.). Сите дуели од групната фаза Македонија ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“.

Македонија веќе ги прими повеќето од селекциите кои пристигнаа во главниот град, а се е подготвено за старт на шампионатот, како на технички, така и на организациски план.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…