Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ќе игра на силен меѓународен турнир во Анталија кој ќе биде подготовка за квалификациските натпревари за Европското првенство во 2023 година кои треба да започнат во септември.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Селекцијата на Милевски ќе одигра два турнири пред стартот на квалификациите. Првиот ќе биде во Анталија.
Во Анталија противници на нашата репрезентација ќе бидат Казахстан, Словачка и Бугарија. Натпреварите е планирано да се одиграат на 24, 27 и 29 март.
Вториот турнир ќе биде одигран во јуни.