Како што стојат работите Лука Модриќ нема да го напушти Реал Мадрид и ова лето.
Шпанскиот „ОК Диарио“ објави дека 37-годишниот играч за врска ја прифатил понудата од Саудиска Арабија вредна 120 милиони евра за договор на три години. Набрзо потоа Фабрицио Романо ги демантираше таквите најави тврдејќи дека Модриќ не прифатил никаква понуда и нема намера да замине.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Неговиот план е да остане во Реал Мадрид. Пред неколку недели договори нов едногодишен договор. Ништо не се променило ниту со најавениот трансфер на Џуд Белингам“, објави Романо на социјалните мрежи.
Дека точни се информациите на италијанскиот новинар потврди самиот Модриќ со „лајк“ на неговата објава.