Лионел Меси вчера за првпат се појави на тренинзите на Барселона после сагата во која се обидуваше да си замине. На крајот Барса не сакаше да го пушти без некој да ја плати клазулата, па Меси беше принуден да остане до крајот на новата сезона кога му завршува договорот.
Барселона го искористи Меси за претставување на третиот дрес на тимот кој ќе биде малку поинаков. Каталонците се решија за розев дрес, а со потсмев изгледот на овој дрес го искоментира и Гери Линекер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Сега знаеме зошто Меси сакаше да си оди“, се пошегува Линекер.
Now we know why Messi wanted to leave. ? https://t.co/jGGKocDRQu
— Gary Lineker (@GaryLineker) September 7, 2020