Ливерпул го договори третото летно засилување, а станува збор за десниот бек на Абердин, Калвин Рамзи, кој треба да биде алтернатива за Александар Арнолд.
„Црвените“ за 18-годишниот десен бек ќе платат 4,5 милиони фунти плус 3 милиони во форма на бонуси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Рамзи минатата сезона беше избран за најдобар млад фудбалер на Шкотска и во следните 24 часа треба да го комплетира трансферот во Ливерпул, така што ќе потпише 5-годишен договор.
Тој ќе биде третото засилување за Ливерпул ова лето, после Фабио Карваљо и Дарвин Нуњес. Според англиските медиуми тоа ќе биде и последно засилување за „црвените“.
Клоп е заинтересиран и за младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуди Белингам, но тој трансфер е тежок за реализација бидејќи германскиот клуб сака да го задржи уште една сезона, а Реал е спремен да плати 90 милиони евра.
Liverpool agree deal for Aberdeen’s Calvin Ramsay which is set to be their last incoming transfer of the window. Prepared to wait until 2023 for midfield reinforcements. https://t.co/r80ky5SS5O
— paul joyce (@_pauljoyce) June 16, 2022