Дома Фудбал Англија Легендарниот фудбалеро откри: Се повредив додека имав секс, па морав да глумам на тренинг

Легендарниот фудбалеро откри: Се повредив додека имав секс, па морав да глумам на тренинг

Иконата на Манчестер Сити, Мика Ричардс кој во редовите на овој клуб помина дури 10 години од 2005 до 2015 година расакажа анегдота од неговата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Подолго време Ричардс работи како коментатор на „Скај Спорт“ и „Би-Би-Си“, а сега откри пикантерија од својата кариера како се повредил додека имал секс.

„Не знам дали би требало да го кажам ова, но ајде нема да навлегувам во детали. Во една ситуација се повредив додека имав секс. Малку се забавував и паднав од креветот. Ја истегнав ногата и ги повредив препоните“, започна Ричардс.

Не сакал да каже пред соиграчите како се повредил, па морал да глуми.

„Дојдов на тренингот другиот ден и се обидов да тренирам. Но, едноставно дојде момент кога веќе не можев да ги трпам болките. Паднав и одглумив повреда“, раскажа екс-фудбалерот на „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ибрахимовиќ откри за кој фудбалер би платил и најскапа карта да го гледа на Мундијалот

Златан Ибрахимовиќ го истакна Ламин Јамал, како играч кој со нетрпение сака да го гледа на…