Дома Фудбал Легендарниот Макелеле се потсети на своите најтешки денови во Реал

Легендарниот Макелеле се потсети на своите најтешки денови во Реал

Клод Макелеле веќе долги години е во фудбалска пензија, но додека играше фудбал беше меѓу најдобрите играчи на својата позиција.

Макелеле добро се сеќава на деновите во Реал Мадрид чиј дрес го носеше три години. Го памети по добро, иако неговиот почеток беше комплициран.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во разговор за FourFourTwo легендарниот Французин се потсети на својот најтежок период додека играше на Сантијаго Бернабеу.

„Во текот на мојот прв месец во Реал цел стадион ми свиреше секогаш кога ќе ја допрам топката, но кога почнавме да победуваме се’ се промени.“ – рече Макелеле.

Поранешниот француски репрезентативец за три години освои две лигашки титули, два шпански Супер купа, Европски Супер куп и најпрестижниот, Лига на шампиони во 2001. година.

Макелеле после Реал играше во Челси и ПСЖ, а се прости од фудбалот во 2011. година. Пред трансферот во Реал беше член на Марсеј, Селта и Нант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…