Дома Фудбал Арсенал раскина со крилниот играч!

Арсенал раскина со крилниот играч!

Иако имаше уште една година договор со Арсенал, Реис Нелсон повеќе нема да биде играч на овој клуб.

Тој спогодбено го раскинал договорот со клубот од „Емирејтс“, и од денес е официјално слободен играч за избор на нова средина.

Овој крилен играч минатата сезона ја помина во Брентфорд, но забележа само 13 настапи во сите натпреварувања.

Неколку клубови се заинтересирани за услугите на овој 26-годишник, а пред сè се споменува Вест Хем. 

Во досегашната кариера беше само играч на Арсенал, а на позајмици одеше во Хофенхајм, Феенорд, Фулам и Брентфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се подготвува сензација, Мората е на чекор до играње во Сегунда?!

Мозес Кен е сè поблиску до премин во Комо од Фиорентина, а тоа најверојатно ќе значи и кра…