Дома Фудбал Гил Марин пресече: „Хулијан Алварез нема да биде продаден на Барселона, ниту сега ниту во иднина“

Гил Марин пресече: „Хулијан Алварез нема да биде продаден на Барселона, ниту сега ниту во иднина“

Барселона нема да може да смета на Хулијан Алварез, барем додека Мигел Анхел Хил Марин е на чело на Атлетико Мадрид. Извршниот директор на мадридскиот клуб јасно порача дека трансферот на аргентинскиот напаѓач во каталонскиот гигант не е опција.

Сагата околу Хулијан Алварез доби нова епизода, а пораката од Атлетико Мадрид е повеќе од јасна – вратите за евентуален трансфер во Барселона се затворени не само ова лето, туку и во идните преодни рокови.

Извршниот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил Марин, зборуваше за „Movistar“ и истакна дека нема намера да преговара со Барселона за евентуална продажба на аргентинскиот репрезентативец.

„Во фудбалскиот свет сум повеќе од 30 години и додека јас сум извршен директор, Хулијан Алварез нема да биде префрлен во Барселона. Тоа е апсолутно сигурно“, порача Хил Марин.

Тој беше особено остар кога зборуваше за односот со каталонскиот клуб.

„Огорчени сме и згрозени од недостатокот на етика. Нема да преговараме со Барселона. Единствената цврста одлука е дека нема да преговараме со Барселона, тоа е сигурно.“

Алварез во Атлетико Мадрид пристигна како големо засилување и за кратко време стана еден од клучните играчи на тимот. Неговите настапи го привлечеа вниманието на голем број европски гиганти, но се чини дека Атлетико е подготвен да направи сè за да го задржи во своите редови.

Пораката од Хил Марин затоа е јасна: Хулијан Алварез не е на продажба за Барселона.

Засега, се чини дека вратите се затворени – и тоа на неодредено време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Компани со новости за Мусиала: „Релативно добро е, но нема да биде во составот“

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, потврди дека Џамал Мусиала се враќа во тренажен …