Екипата на Леванте за која настапува нашиот Енис Барди славеше против Виљареал на домашен терен со 1:0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонскиот интернационалец мина 70 минути на теренот, а кога излезе беше поздравен со овации од фановите на домашниот состав.
Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Моралес кој беше прецизен од белата точка во 88. минута од дуелот.
Во второто коло од Ла Лига, Леванте на домашен терен ќе го пречека составот на Ла Коруња.