Дома Македонски спорт Лазаревски претпоследен во супер-велеслалом на младинските ОИ во Лозана

Лазаревски претпоследен во супер-велеслалом на младинските ОИ во Лозана

Мирко Лазаревски е првиот македонски спортист кој настапи на Зимските младински олимписки игри во Лонзана.

Лазаревски, нашиот претставник во алпско скијање, го заврши супер-велеслаломот во Лозана на претпоследното 56-то место.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Патеката ја мина со време од 1:03.43 минути, што беше за девет секунди поспоро од првопласираниот Адам Хофштед од Шведска.

Сребрениот медал го освои Рок Азнох од Словенија, а бронзата Лук Родит од Швајцарија.

Лазаревски утре од 10.30 часот ќе се натпреварува и во слалом, а тој е единствениот македонски претставник во алпско скијање на Зимските младински олимписки игри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успе…