Шпански „Ел Мундо“ направи вистински хаос кога пред неколку дена објави детали од договорот помеѓу Барселона и Лионел Меси.
Меси договорот со Барселона го продолжи во 2017 година и тогаш се обврза на верност до летото оваа година. Но, неверојатно е што од тој договор Аргентинецот ќе заработи 555 милиони евра, односно 138 милиони евра годишно, плус бонуси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентинецот беше изненаден како тие информации стигнале до „Ел Мундо“. Неговите адвокати открија дека само пет лица ги знаеле деталите од тој договор.
Шпанските медиуми денес објавија дополнување и наводно Хозе Бартомеу не е главниот осомничен од страна на Меси, туку тоа е Карлес Тускетс кој некогаш беше член на управата на каталонскиот клуб.
Тускетс претходно зборуваше дека Барселона треба да го продаде Меси бидејќи тој е голем терет кога се финансиите во прашање.