Дома Најава Колумна: Не брзајте да ги отпишете Германија и Меси!

Колумна: Не брзајте да ги отпишете Германија и Меси!

Полека се комплатира првото коло на Светското првенство, па ги сумираме првичните впечатоци. Дел од фаворитите „кикснаа“ на стартот, па веднаш побрзавме да ги отпишеме…не брзајте, Мундијалот не е трка на 100 метри, туку маратон.

Последниот впечаток готово секогаш е толку силен што ни ја заматува реалноста, забораваме на минатото, па ни попречува правилно да расудуваме. Веднаш побрзавме да го отпишеме Меси, а особено неговото промашување доби на значење после хет-трикот на Роналдо, вечниот ривал.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Забораваме дека Меси е еден од најдобрите во историјата, забораваме колку пати сме паднале на задник од неговите мајстории, забораваме дека е човек за големи дела на големи натпревари. Тој ја однесе Аргентина (на мускули) до финалето на последниот Мундијал и може да блесне во секој момент, а тогаш обично неговите противници завршуваат во солзи.

После првиот круг херој е Роналдо, Меси е „никој и ништо“, а забораваме дека Португалецот на последните три Мундујали постигна само три гола. Да не бидам разбран погрешно, јас не го потценувам Кристиано, тој е надчовек и тоа е апсолвирана тема, само добро е да ја видиме големата слика, која е заматена во моментов… се додека Аргентинецот повторно не ја избистри со ново ремек-дело.

Се сеќавате како заврши мечот Португалија – Исланд на последното ЕП и до каде стигнаа потоа Роналдо и дружината? Е, на тоа мислев…

Најсилен впечаток секако остави поразот на Германија. Актуелниот светски шампион делуваше конфузно, неорганизирано, но ако има некој што знае да учи на своите грешки тоа се секако „панцирите“. Тоа што се сопнаа на стартот за нив не значи ништо, знаат да играат турнирски и верувајте, никој нема поголем инстикт за преживување од нив.

Не случајно заедно со Италија се најтрофејните европски нации и доаѓале до финалето дури и со многу послаби тимови од овој. Во прашање е менталитет, за нив победувањето е само работа, како и секоја друга, а во Русија се дојдени да одработат.

Дали ќе победат, тоа никој не знае и зависи од многу фактори, но бидете сигурни дека ќе го поправат впечатокот и дека ќе ги исмеат тие што ги отпишале предвреме.

Шпанците иако си пукаа во нога пред почетокот на Мундијалот, кога се спушти завесата на комедијата и почна да се игра фудбал ја видовме нивната моќ, тоа што противникот имаше надчовек во тимот, тоа е друга приказна, но Шпанија може да го победи секого.

Бразил? …Само да не им се повтори Германија!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

Страв и трепет: Познат составот на Американците за Олимписките игри во Париз

Голем дел од медиумите во САД веќе го објавуваат тимот со кој Американците ќе играат на Ол…