Во сабота и недела голем број на луѓе ќе бидат „приковани“ пред телевизиските екрани – ваков викенд долго очекувавме. Фудбалските спектакли ќе се редат еден по друг, а во Mozzart ќе ги пронајдете најдобрите квоти за овие случувања.
Нешто по што со сигурност ќе ја паметиме 2020 година се константните повици да останеме дома, а овој викенд на многумина нема да им бидат потребни – во два дена ќе се одиграат неколку фантастични фудбалски мечеви.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ЕВЕРТОН – ЛИВЕРПУЛ (САБОТА, 13:30 ЧАСОТ)
Петтото коло на Премиер лигата започнува со „Мерсисајд“ дербито. Тешко дека постои подобар начин за враќање на една од најквалитетните лиги на планетата по пауза, од судирот меѓу Евертон и Ливерпул кој нуди спектакл што долго се чекаше во градот на Битлси. „Карамелите“ блескаат, самодовербата им е на највисоко ниво и со право се надеваат дека можеби дојде денот за „земање на скалпот“ на големиот ривал. Прв по десет години.
Домаќинот влегува во дуелот од лидерското место со максимален учинок, додека гостите на „Гудисон“ доаѓаат по дебаклот во Бирмингем и поразот 7-2 од Астон Вила. Меѓутоа, положбата на табелата не игра пресудна улога во дербито. Тимот од „Енфилд“ во претходните сезони доминираше, но никогаш не му беше лесно против Евертон. Особено на „Гудисон Парк“, традицијата вели дека Ливерпул е без пораз на 22 средби. Комплексот е тука, нема дилема, ама и решеноста на „Карамелите“ да се извлечат. Одличниот Карло Анчелоти склопи тим за почит со одлична офанзива во која доминираат Калверт-Луин, Ричарлисон, Родригез, па во синиот дел од градот конечно имаат трио да му се закани на Ливерпул. Разликата меѓу тимовите е намалена, па Јирген Клоп и Ливерпул ги чека тешка средба.
Интересно, Евертон играше ГГ на последните шест претходни дуели дома, додека ист исход имаше на 10 од последните 12 дуели на „црвените“ во сите натпреварувања. Квотата во Mozzart на ГГ е – 1,50.
ИНТЕР – МИЛАН (САБОТА, 18:00 ЧАСОТ)
Миланското дерби низ историјата се играше во разни интересни или специфични услови, но никогаш како досега. Во очи градското дерби Интер е меѓу најпогодените тимови, а тренерот Антонио Конте не може да смета на шест играчи. Од нив, стоперите Скринијар и Бастони се стартери, играчите за врска Гаљардини и бекот Јанг се во ротацијата, а единствено не се во прв план Раду и Наинголан. Вреди да се додаде дека суспендиран е и Стефано Сенси. Особено тешко за Конте ќе биде да ја пополни одбраната, па таму може да се најдат Дамброзио и Коларов, чии примарни позиции не се на стоперските места. Исто така некои играчи ќе дојдат уморни од репрезентативни обврски, како Лаутаро Мартинез, Видал и Санчез, кој има и мала повреда.
И во тимот на Милан се всели короната, но без поголема штета. Нема да играат резервните стопери Габиа и Дуарте, а најважно е опоравувањето на Ибрахимовиќ без кој Милан победуваше, но се почувствува неговото отсуство. Младиот тим успеа да победи на сите три натпревари на стартот од првенството, но играше со послаби ривали, па ова ќе им биде прв сериозен тест. Мотивот е огромен, бидејќи сакаат конечно да ги израдуваат навивачите со првенствена победа над Интер, нешто што се чека од 2016 година.
Интер е објективно појак и поискусен, а е и кандидат за титулата. Милан, од друга страна, е најмладиот тим во лигата и многу зависи од Ибрахимовиќ со кој младите изгледаат многу поинаку на теренот. На „Дерби дела Мадонина“ икс е секогаш добра опција, овојпат со квота во Mozzart.
ПАРТИЗАН – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА (НЕДЕЛА, 17:00 ЧАСОТ)
Црвена Звезда суверено владее со српскиот фудбал и со евентуална победа на теренот на најлутиот ривал, ќе стекне предност која веќе во октомври ќе најави четврта врзана титула. Од друга страна, за Партизан ова е шанса за ублажување на лошиот старт на сезоната и со триумф може да фати приклучок. „Црно-белите“ доаѓаат потресени од ремито со Металац, поради кое заостануваат осум бода зад лидерот, но се со нова енергија од петте новајлии. Од нив, Светозар Марковиќ, Милош Јојиќ и Филип Холендер се очекуваат во првите 11. Дејан Станковиќ има проблеми, бидејќи Мирко Иваниќ е отсутен поради коронавирус, а не може да смета ниту на Ричмонд Боачи. За само четири дена Звезда гостува кај Хофенхајм, а ги оптеретува и податокот дека славеа еднаш на последните седум гостувања кај Партизан.
Во последните 15 меѓусебни пресметки, во првенството и во купот, дури 12 пати мина типот 0-2 гола. Јасен показател дека не би требало да се очекува ефикасен меч во Хумска, а квотата за 0-2 гола е 1,62. Кога е во прашање конечниот исход, икс е секогаш опција за вечното дерби на Србија, а добро плаќа квотата во Mozzart – 3,20. И тоа не е сè: овој викенд ќе се одиграат и дерби дуелите меѓу Манчестер Сити – Арсенал (сабота, 18:30 часот), Спортинг – Порто (сабота, 21:30 часот), Селтик – Ренџерс (сабота, 13:30 часот)…