Лионел Меси сигурно е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а место за Аргентина можело да се случи тој да игра за репрезентацијата на Шпанија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси во Барселона пристигна во летото 2000 година од Росарио и за него тоа беше огромна промена. Тој ги помина младинските категории и за првиот тим дебитираше во 2004 година, а се останато е историја. Сега е откриено дека Меси бил блиску да заигра за репрезентацијата на Шпанија. На таа тема зборуваше поранешниот селектор на Аргентина Хозе Пекерман.
„Практично го украдовме од Шпанија. Видовме некои видеа и прочитавме извештаи за мало момче од Росарио. Отидов во Шпанија да завршам нешто за Леганес и го видов во младинските категории на Барселона. Тогаш на сите им беше јасно дека тој ќе игра за Шпанија затоа што такво беше правилото на ФИФА. Но, ние не се откажавме и дадовме се од себе“.
„Шпанците завршија скоро се за тој да дебитира за некоја од младите селекции. Но, тогаш имавме состанок со неговите родители и тие нас ни кажаа дека Лео ќе биде тој кој ќе донесае одлука. Неговите зборови беа: Јас сум Аргентинец и ќе играм за Аргентина. Таа одлука ја донесе од срце и ние бевме среќни поради тоа“, раскажа Пекерман.