Епизодата на Леброн во Кливленд е завршена и тој од наредната сезона ќе го носи дресот на ЛА Лејкерс.
Џејмс со Лејкерси ќе потпише договор на четири години, а се очекува да му се придружи уште едно големо име.
Инаку Лос Анџелес е дом и на шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ кој по напуштањето на Манчестер Јунајтед го засили ЛА Галакси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нормално, имаше што да каже за трансферот на Леброн и тоа го направи со стил.
Имено, после информациите дека Лебро пристигнува во Лејкерс, Златан на својот Инстаграм порача: „Сега Лос Анџелес има и Бог и Крал.“
Коментари