Дома Останати Кошарка Леброн Џејмс ја парализираше НБА-лигата

Леброн Џејмс ја парализираше НБА-лигата

Леброн Џејмс, кој наскоро ќе наполни 42 години и влегува во веројатно последната сезона од кариерата, ја држи целата НБА лига во неизвесност. Додека не се дознае каде ќе продолжи да игра легендарниот кошаркар, никој во лигата не презема клучни потези. Поминаа повеќе од две недели откако соопшти дека заминува од Лос Анџелес Лејкерс и станува слободен играч, но името на новиот клуб сè уште не е познато.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неизвесноста не влијае само на навивачите и клубовите, туку и на раководството на лигата. Комесарот Адам Силвер не сака да ризикува со изработката на распоредот за следната сезона без информација за новата дестинација на Џејмс. Лигата традиционално планира најатрактивни дуели на кандидатите за титула и најголемите ѕвезди за самиот почеток на натпреварувањето и за 25-ти декември, па Силвер полека ја губи трпеливоста.

„Неговиот избор на клуб директно ќе влијае на распоредот. Можете да си замислите како ни се јавуваат клубови и телевизиски куќи, сите сакаат да го определиме календарот. Тоа се одразува на целата организација, од тоа како ќе ги определиме натпреварите во неделата на отворањето на сезоната до оние на Божиќ. Би сакал што побргу да ја објави одлуката за да можеме да го завршиме распоредот. Неговата одлука ни е неопходна”, изјави Силвер.

Самиот Џејмс изминативе денови се појави на неколку јавни настани, но не откри ништо за својата иднина. „Нема да ве чекам долго”, накратко порача. Според информациите од водечките американски новинари, одлуката што ги запре активностите во НБА лигата би можела да биде позната на почетокот на следната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Скандал во Србија: Уапсен е поранешен кошаркар на Звезда и репрезентативец!

Поранешниот кошаркар на Црвена звезда, Урош Плавшиќ, беше уапсен во петокот по налог на Ви…