Дома Фудбал Останато „Истиот човек кој ми кажа дека Гвардиола оди во Сити, сега ми кажува дека е на пат за Јувентус“

„Истиот човек кој ми кажа дека Гвардиола оди во Сити, сега ми кажува дека е на пат за Јувентус“

Торински Јувентус е во потрага по нов тренер за наредата сезона, во игра се неколку имиња, а Пеп Гвардиола се почесто се поврзува со клупата на италијанскиот шампион.

После пет години раководството на „старата дама“ одлучи да се раздели со Масимилијано Алегри. Повеќе имиња константно се поврзуваат со Јувентус.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пеп Гвардиола неодамна изјави дека нема да премине во Јувентус, но новинарите кои убедуваат дека Гвардиола постигнал договор со Јувентус тврдат дека таа негова изјава била дадена само за пред јавноста.

„Колку пати треба да ви кажам. Не одам во Јувентус, не се селам во Италија…Задоволен сум тука, не одам никаде. Наредната сезона ќе бидам тренер на Манчестер Сити“, изјави Гвардиола пред неколку недели.

Меѓутоа, „Радио Спортива“ пред два дена објави дека Гвардиола се договорил со Јувентус, а потоа уште неколку медиуми додаваа „масло на огнот“.

Гвардиола имал спредба со директорот на „бјанконерите“, Фабио Партичи. Тоа се случило на некоја хумантирана организација во Милано на 21-ви мај, но не е познато дали таму се разговарало за Пеп да го превземе Јувентус.

Сега во целата приказна со Гвардиола се вклучи новинарот на шпански „Мундо Депортиво“, Франсес Агиљар. Тој објави дека доверлив извор му кажал дека Пеп е на пат за Јувентус.

„Истиот човек кој пред неколку години (многу порано пред да биде официјално објавено) ми кажа дека Пеп Гвардиола ќе го превземе Манчестер Сити сега ми кажува дека е на пат седне на клупата на Јувентус. Тогаш му поверував, а сега уште повеќе“, изјави Агиљар.

Наводно новиот тренер на „старата дама“ кој и да биде ќе биде именуван на 14-ти јуни (тука).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…