Дома Фудбал Изјавата на Рамос најдобро покажува колку не го посакува Конте за нов тренер

Изјавата на Рамос најдобро покажува колку не го посакува Конте за нов тренер

Реал Мадрид вчера соопшти дека Лопетеги повеќе не е тренер на овој тим бидејќи клубот одлучи да му врачи отказ поради очајната серија резултати.

Кралевите се без победа веќе пет натпревари, а дури на четири натпревари беа поразени. После бламажата против лутиот ривал и поразот од Барселона со 5:1, претседателот на клубот Флорентино Перез одлучи да му се заблагодари за соработката на Лопетеги, кој на клупата на Кралевите стигна пред неколку месеци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Веќе наголемо се шпекулира за тоа кој би можел да биде негов заменик, а шпанските медиуми најголема шанса му даваат на Антонио Конте. Сепак, се чини дека играчите не се среќни со изборот, а тоа најдобро ја покажува изјавата на капитенот Серхио Рамос.

„Почитувањето се заработува и не можете да дојдете со него. Не е битно името. Освоивме се што можевме со различни тренери и на крајот е важно тренерот да се посвети на запознавање со играчите, а не веднаш да почне со техничките работи. Тренерот не треба себе да се става пред играчите и пред нас да се докажува.“ – порача Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…