Дома Фудбал Во Реал Мадрид никој не се предава, уверува Флорентино Перес

Во Реал Мадрид никој не се предава, уверува Флорентино Перес

Часови откако Реал Мадрид речиси сигурно ја загуби битката за титулата во Шпанија, претседателот Флорентино Перес сепак изрази оптимизам. Во сабота вечер Барселона ја зголеми предноста на 9 поени на врвот во Ла Лига при останати уште седум натпревари, вклучувајќи го и Ел Класико на “Камп Ноу” (10 мај). Дополнително, тимот е близу до испаѓање од Лигата на шампионите по поразот со 1:2 од Баерн (Минхен) на “Бернабеу” во првиот четвртфинален натпревар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“Тука (во Реал Мадрид) никој не се предава и ќе продолжиме да се бориме, година по година, до последниот момент, за да се обидеме да додадеме уште титули на најголемата колекција од трофеи во историјата на спортот, која ја поседува нашиот клуб“, изјави денес Перес.

Ова го кажа на специјален настан со членови на клубот кои се такви веќе 50-60 години без прекин.

“Во последните 15 години освоивме 58 трофеи, меѓу кои шест титули на европските фудбалски шампиони и три титули на европските кошаркарски шампиони – продолжи претседателот. – Ова го покажува нашето ниво на високи барања, но исто така не тера да размислуваме: да ги цениме работите со достоинство и да ги разбереме тешкотиите при постигнувањето на секој триумф и секоја титула.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик ги израдува навивачите на Барселона, им го кажа тоа што сакаат да го слушнат

Со победата над Реал Мадрид, Барселона ја обезбеди титулата првак на Шпанија, но тимот на …