Гонзало Игуаин после неуспешната година во Милан и Челзи се врати во Јувентус и оваа сезона повторно игра важна улога кај „бјанконерите“.
Меѓутоа, неговата иднина во Торино е неизвесна, а шпанските медиуми пренесуваат дека на лето би можел да се врати во Примера, каде се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во дресот на Реал Мадрид.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Марка“ пренесува дека силен интерес за него покажува Атлетик Билбао. Интересно, Пипита има право да игра за баскискиот клуб, бидејќи неговиот прадедо е Баскиец кој емигрирал во Аргентина.
Инаку Игуаин има француско и аргентинско државјанство бидејќи е роден во Франција (Брест), каде играл фудбал неговиот татко.
Таткото на Игуаин исто така во неколку наврати има напоменато дека е горд на своето баскиско потеко, па нема да биде чудно ако Гонзало се пресели на „Сан Мамеш“.
Сепак, Билбао е заинтересиран да го донесе Игуаин како слободен агент откако ќе му заврши договорот со Јувентус кој истекува во јуни 2021 година.