Дома Фудбал Во Наполи уште ги боли предавството на Игуаин

Во Наполи уште ги боли предавството на Игуаин

Гонзало Игуаин вчера објави дека по крајот на сезоната заминува во фудбалска пензија, а неговите поранешни клубови преку социјалните мрежи го поздравија, но Наполи тоа не го направи.

Игуаин играше фантастичен фудбал и донесе многу радост за Наполи во период од 2013 до 2016 година, меѓутоа навивачите не можат да му го простат предавството кое го направи, однос преминувањето во редовите на Јувентус.

По трансферот во Торино Игуаин експресно од миленик стана непоженла личност во Неапол. И сигурно дека токму ова е причината што од Наполи не објавија ништо за неговото пензионирање.

Јувентус од друга страна го поздрави Игуаин со голот против Интер кој им помогна да стигнат до титулата во Серија А токму пред Наполи. Јувентус во таа сезона на крајот освои 95 бодови, Наполи имаше 91.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…