Дома Фудбал Италија „Ибрахимовиќ е позитивен на Ковид-19, со мислите сме со вирусот“

„Ибрахимовиќ е позитивен на Ковид-19, со мислите сме со вирусот“

Поранешнот англиски фудбалер Гери Линекер често пати знае добро да се пошегува на нечија сметка. Сега го направи тоа на сметка на Ибрахимовиќ.

Линекер се пошегува во време на пандемијата со коронавирусот, а тоа го направи откако слушнал дека позитивен на Ковид-19 е Златан Ибрахимовиќ.

„Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирус. Со мислите сме со вирусот во овој тежок момент“, гласи коментарот на легендарниот Линекер.

Милан вечерва го игра својот натпревар од 3-коло во Лигата на Европа, Ибрахимовиќ поради позитивниот тест нема да биде со тимот и наредните десет дена ќе ги помине во самоизолација.

Претходно позитивен во Милан беше и Лео Дуарте, но се тврди дека останатите тестови сите биле негативни пред натпреварот со Норвежаните.

View this post on Instagram

Never gets old ? @garylineker

A post shared by 433 (@433) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…